Мелен

Oreo uskršnje zeke

Време за подготовка: 50 минути, вкупно време за изработка: 2 часа и 10 минути, 45 куглички

СОСТОЈКИ
250 гр. крем сирење по избор
300 гр. мелен Oreo кекс
пенести бонбони за декорација
50 гр. шеќер
200 гр. бело чоколадо
боја за колачи (розова)
ПОДГОТОВКА
  1. Измешајте крем сирење и мелен Oreo кекс додека смесата не се соедини.
  2. Формирајте еднакви куглички и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Оставете да се стегнат во фрижидер најмалку 20 минути.
  3. Во шеќерот додајте неколку капки боја за колачи, мешајте додека бојата не се изедначи.
  4. Пенестите бонбони пресечете ги по должина на 6 делови, па секој дел од пресечената страна макајте го во обоениот шеќер.
  5. Истопете го белото чоколадо, малку изладете го и потоа макајте една по една кугличка и веднаш залепете ги пенестите бонбони за да формирате „уши“.
  6. Наредете ги кугличките на хартија за печење за да се стегнат добро.
  7. Чувајте во фрижидер.

Уживајте во Oreo десертите!

Oreo uskršnja jaja

Време за подготовка: 40 минути, вкупно време за изработка 1 час и 40 минути, 45 куглички

СОСТОЈКИ
200 гр. крем сирење
300 гр. мелен Oreo кекс
150 гр. стопено бело чоколадо за готвење
декоративни трошки со различни облик и боја за колачи, по избор
ПОДГОТОВКА
  1. Измешајте крем сирење и мелен Oreo додека смесата не се соедини. Обликувајте 45 куглички (во облик на јајце) и ставете ги на хартија за печење. Оставете ги кугличките во фрижидер 20 минути да се стегнат.
  2. Кугличките потоа макајте ги во стопеното бело чоколадо, вртејќи ги така што секоја кугличка ќе биде рамномерно прекриена со чоколадо. Остатокот од чоколадото измешајте го со боја за колачи и сипете во пластична кесичка со исечен врв и така украсете ги „јајцата“.
  3. Држете во фрижидер најмалку 1 саат или додека кугличките не се стегнат.

Уживајте во Oreo десертите!

Време за подготовка: 30 минути / Вкупно време за изработка: 1 ч. и 30 минути. 48 бомбици

СОСТОЈКИ
1 1/2 лажица инстант кафе (половина оставете на страна)
1 лажица вода
200 g крем сирење, меко
300 g мелени ОREO бисквити
1 1/2 лажица цимет (половина оставете на страна)
300 g бела чоколада, стопена
ПОДГОТОВКА

Во длабок сад ставете една лажица инстант кафе со лажица вода; мешајте додека не се растопи. Додајте го крем сирењето, мелените ОREO бисквити, лажицата цимет и добро измешајте. Од направената смеса направете 48 топчиња со дијаметар од околу 2,5 cm.
Со задниот дел на лажицата искршете ги останатите гранули кафе и измешајте ги во стопената чоколада. Секое топче натопете го во мешавината од чоколада и кафе и ставете ги на плех, претходно обложен со хартија за печење, и секое топче наросете го со преостанатиот цимет.
Оставете ги топчињата во ладилник најмалку 1 час или додека не се стегнат.
УЖИВАЈТЕ ВО OREO ЗАДОВОЛСТВАТА!

Време за подготовка: 5 минути / Вкупно време за изработка: 10 минути. 4 шолји

СОСТОЈКИ
100 g кршени ОREO бисквити
3 шолји млеко
1/2 шолја чоколаден прелив
1/2 лажичка арома од ментол
ПОДГОТОВКА

Измешајте ги сите состојки во блендер и блендирајте на голема брзина додека смесата не се соедини. Ставете ја во подлабок лонец.
Гответе на умерен оган, често мешајќи, сè додека не се загрее убаво.
Распоредете ја количината рамномерно во 4 шолји.
УЖИВАЈТЕ ВО OREO ЗАДОВОЛСТВАТА!

Време за подготовка 30 мин./4 ч. и 30 мин вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
1-3/4 шолји мелени Oreo бисквити
1/4 шолја стопен путер или маргарин
1 1/2 шолја млеко
1 1/2 шолја павлака за готвење
2 жолчки
1/2 шолја шеќер
1/3 шолја густин
1 лажичка екстракт од ванила
30 g путер, исечен на мали коцки
3 зрели банани
1 шолја изматен шлаг
 Неколку скршени Oreo бисквити за декорација
ПОДГОТОВКА

Измешајте ги мелените Oreo бисквити и путерот и смесата натапкајте ја во калап со пречник од 23 cm.
Измешајте ги млекото, павлаката за готвење, жолчките, шеќерот и густинот во тенџере со средна големина и матете додека не се соедини и додека густинот не се раствори целосно. Потоа, вклучете ја ринглата на средна температура. Смесата во тенџерето треба да зоврие со повремено мешање. За 15-тина минути, кога смесата ќе биде густа како пудинг, тргнете ја од оган и додајте ги екстрактот од ванила и коцките путер.
Бананите исечкајте ги на кругови и половина од количината наредете врз кората од Oreo бисквити. Покријте ги со половина од кремот кој претходно го подготвивте, а потоа повторете ја постапката со уште еден слој.
Чувајте во фрижидер 4 часа или додека тартот не се зацврсти
Пред сервирање, декорирајте со шлаг и кршени Oreo бисквити.
Уживајте во Oreo задоволствата!

Време за подготовка 30 мин./4 ч. и 25 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
2 шолји мелени Oreo бисквити
6 лажици стопен путер или маргарин
2 пакувања чоколаден пудинг, подготвен според упатството на пакувањето
1 пакување топинг шлаг (250 ml)
1/2 шолја кршени Oreo бисквити
ПОДГОТОВКА

Подгответе го чоколадниот пудинг според упатството на пакувањето.
Измешајте ги мелените Oreo бисквити и путерот и натапкајте ја смесата во калап со пречник од 23 cm.
1 ½ шолја од готовиот пудинг распоредете врз подготвениот калап од мелени Oreo бисквити.
Остатокот од пудингот измешајте го со половина од пакувањето шлаг и соединетиот крем распоредете го рамномерно врз слојот од пудинг.
Остатокот од шлагот измешајте го со кршените Oreo бисквити и распоредете како трет слој врз тартот.
Чувајте го во фрижидер 4 ч. или додека да се зацврсти.
Уживајте во Oreo задоволствата!

Време за подготовка 30 мин./6 ч. и 10 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
1 1/2 шолја мелени Oreo бисквити
2 лажици стопен путер или маргарин
1/4 шолја ликер од бадем
3 x 225 g смекнато крем сирење
1 шолја шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
3 јајца
230 g стопена црна чоколада за готвење
2/3 шолја свежи малини
2 лажици шеќер во прав
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 170 °C.
Измешајте мелени Oreo бисквити и путер и натапкајте ја смесата во калап со пречник од 23 cm. Печете во загреана рерна 10 минути.
Со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила до целосно соединување. Постепено додавајте ја стопената чоколада и ликерот од бадем, а потоа и јајцата 1 по 1, мешајќи полека на најслаба брзина. Готовиот крем сипете го врз направениот калап од Oreo бисквити.
Ставете да се пече дополнително уште 55-65 минути во загреана рерна или додека не видите дека чизкејкот се стврднал. Со нож поминете кај рабовите за да го одвоите од калапот. Оставете целосно да се излади пред да го извадите калапот. Чувајте го во фрижидер 4 ч.
Пред да послужите, посипете шеќер во прав и ставете свежи малини.
Уживајте во Oreo задоволствата!

Време за подготовка 30 мин./6 ч. и 10 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
2 шолји мелени Oreo бисквити
6 лажици стопен путер или маргарин
395 g карамел
1/2 шолја млеко
1 шолја сецкани ореви
3 x 225 g смекнато крем сирење
3/4 шолја шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
3 јајца
50-60 g црна чоколада за готвење
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 170 °C.
Измешајте ги мелените Oreo бисквити и путерот и натапкајте ја смесата во калап со пречник од 23 cm.
Во микробранова рерна загрејте карамел и млеко на висока температура околу 3 минути или додека карамелот не се стопи целосно, со повремено мешање. Кога смесата ќе се стопи, ставете ги оревите. Половина од смесата сипете ја врз направениот калап од мелени Oreo бисквити и ставете во фрижидер 10 минути да се зацврсти. Остатокот од смесата од карамел и ореви ставете ја во фрижидер за подоцна.
Со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила до целосно соединување. Постепено додавајте ги јајцата, 1 по 1, мешајќи полека на најслабата брзина. Готовиот крем сипете го врз направениот калап со карамела.
Печете 65-70 минути во загреана рерна или додека не видите дека чизкејкот се стегнал. Со нож поминете кај рабовите за да го одвоите од калапот. Оставете целосно да се излади пред да го извадите калапот. Чувајте го во фрижидер 4 ч.
Во микробранова рерна загрејте го остатокот од карамелата со ореви околу 60 секунди. Промешајте, а потоа прелијте врз готовиот чизкејк.
Чоколадото стопете го според упатството на пакувањето, а потоа нанесете врз чизкејкот.
Послужете веднаш или по дополнително ладење.
Уживајте во Oreo задоволствата!

OREO Cherry bombice

20 мин. подготовка / 1 ч. и 30 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
170 gr омекнато крем сирењe
300 gr мелени Oreo бисквити
30 кандирани цреши
100 gr стопена бела чоколада
8 капки црвена, прехранбена боја за колачи
2 лажички шеќер
ПОДГОТОВКА

Измешајте го омекнатото крем сирење и мелените Oreо бисквити додека не се соединат добро.

Направете околу 30-ина бомбици од смесата и во секоја вметнете по една кандирана цреша, така што секоја цреша да биде обложена со бисквити и крем сирење. Притиснете ја секоја бомбица за да го израмните дното. Ставете во ладилник 10 – 15 минути.

Измешајте ја стопената чоколада и црвената боја за колачи додека не се соединат и додека не добиете светло розева нијанса. Секоја бомбица натопете ја во чоколада од сите страни. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење, посипете со шеќер и чувајте ги во фрижидер најмалку 1 час или додека не се стегнат.

Уживајте во Oreo слатките!

Oreo kuglice

30 мин. подготовка / 1 ч. и 30 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
220 gr омекнато крем сирењe
300 gr мелени Oreo бисквити (од тоа 50 gr за декорација)
200 gr претходно стопена чоколада за готвење
ПОДГОТОВКА

Спојте го омекнатото крем сирење и 250 g мелени Oreo бисквити и мешајте додека не се соединат целосно.

Од направената смеса, формирајте топчиња од околу 2,5 cm, а потоа секоја од нив ставете ја во стопена чоколада.

Ставете ги на плех, претходно обложен со хартија за печење и посипете го секое топче со преостанатите 50 g мелени Oreo бисквити.

Оставете ги во фрижидер минимум 1 час или додека топчињата не се стегнат.

Уживајте во Oreo слатките!

Oreo slatke rolnice

15 мин. подготовка / 30 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
150 gr мелени Oreo бисквити
220 gr омекнато крем сирењe
50 g шеќер
1 жолчка
12 парченца бел леб (претходно отстранете ги корките)
3 лажици стопен путер
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 180 °C

Во чинија со средна големина измешајте го крем сирењето, шеќерот и жолчката и матете додека не се соедини добро. Со лесни движења додадете ги мелените Oreo бисквити.

Со оклагија истенчете ги и израмнете ги парченцата леб, а потоа на секое распоредете по една лажица од претходно направената смеса со крем сирење. Почнувајќи од покусата страна, од секое парче направете цврста ролничка. Секоја ролничка намачкајте ја со стопен путeр од сите страни, а потоа извалкајте ја во меленитe Oreо бисквити.

Ролничките пресечете ги на пола и наредете ги во плех претходно обложен со хартија за печење.

Печете ги околу 12 минути во загреана рерна, или додека не видите дека ролничките се умерено запечени. Служете ги топли.

Уживајте во Oreo слатките!

OREO mafini u obliku slepog miša

20 мин. подготовка / 1 ч. и 20 мин. вкупно време за изработка (24 мафини)

СОСТОЈКИ
1 пакување готова смеса за чоколадни мафини
32 OREO бисквити, поделени на пола
120 gr чоколада за готвење
50 gr путер
50 gr мелени Oreo бисквити
48 округли чоколадни бомбици во зелена боја
1 лажица црвен прав за украсување
ПОДГОТОВКА

Направете мафини според упатството на пакувањето. Кога ќе се испечат, оставете ги 10-ина минути да се изладат, а потоа извадете ги од калапот, префрлете ги на решетка од рерна и оставете да се изладат во целост.

Во меѓувреме, пресечете 24 Oreo бисквити вертикално на пола и оставете ги на страна. Остатокот од бисквитите пресечете ги на ист начин на пола, а потоа секоја половина на 3 еднакви триаголници.

Во чинија со средна големина, погодна за микробранова печка, стопете чоколада и путер на висока температура, 45 секунди до една минута. Добро промешајте додека чоколадата не се стопи во целост и оставете 5 минути да се излади.

Распоредете ја глазурата врз мафините, посипете со мелени Oreo бисквити и украсете ги мафините така што до половина Oreo бисквитите да бидат благо втиснати од страна и да претставуваат крила, додека триаголниците да бидат втиснати во глазура и да претставуваат уши како што е прикажано на сликата.

Уживајте во Oreo слатките за Ноќта на вештерките!

OREO mumije

40 мин. подготовка / 2 ч. вкупно време за изработка (48 Oreo мумии)

СОСТОЈКИ
220 gr омекнато крем сирењe
300 gr мелени Oreo бисквити
400 gr бела чоколада, поделена во 2 дела
3 лажици мини бонбони со црна боја, во облик на топчиња
ПОДГОТОВКА

Измешајте крем сирење и мелени Oreо бисквити. Кога масата ќе се соедини, направете 48 топчиња од околу 2,5 cm и наредете ги во еден слој на плех обложен со хартија за печење. Оставете ги во фрижидер 20 минути.

Стопете 350 g бела чоколада според упатството на пакувањето. Секоја топка валкајте ја во стопена чоколада за да биде прекриена од сите страни. Вратете ги во плех обложен со хартија за печење и чувајте ги во фрижидер уште 15-ина минути додека не се стегнат.

За тоа време стопете го остатокот од белата чоколада и додајте ја сета преостаната чоколада што ја користевте за натопување на топките. Целата количина ставете ја во пластична ќесичка која има механизам за затворање. Истиснете го целиот воздух, затворете ја ќесичката и отсечете го врвот во еден од 2-та долни агли. Низ овој отвор истиснете чоколада врз топките во различни правци за да личат на завои на мумија, како на сликата. Веднаш втиснете по 2 бонбони во секоја, кои ќе претставуваат очи.

Оставете ги во фрижидер минимум 1 час или додека не се стегнат. По јадење чувајте ги во фрижидер.

Уживајте во Oreo слатките за Ноќта на вештерките!

OREO slatke bundevice

20 мин. подготовка / 1 ч. и 30 мин. вкупно време за изработка (48 парчиња)

СОСТОЈКИ
220 gr омекнато крем сирењe
300 gr мелени Oreo бисквити
1 лажица зачин за пита од тиква (цимет+ мускатно оревче+ ѓумбир + каранфилче)
340 g стопена бела чоколада 
170 g кристален шеќер
Портокалова боја за колачи
12 солени переци, секоја скршена на 4 дела
ПОДГОТОВКА

Измешајте крем сирење, мелени Oreo бисквити и зачин за пита од тиква додека целосно не се соедини. Од оваа смеса направете 48 топчиња.

Секое топче натопете го во стопената чоколада, потоа од секоја страна валкајте во шеќер во кој претходно сте додале портокалова боја за колачи, за да добиете нијанса што одговара. Редете го секое топче на плех обложен со хартија за печење. Во секое топче забодете по 1 парче солен перек кој ќе претставува дршка на тиквата.

Оставете ги во фрижидер минимум 1 час или додека не се стегнат.

Уживајте во Oreo слатките за Ноќта на вештерките!

 

30 мин. / Вкупно 5 часа

СОСТОЈКИ
150 гр. мелени ОРЕО бисквити
60 гр. путер или маргарин, стопен
200 гр. бело чоколадо за готвење, поделено на два еднакви дела
400 гр. крем сирење, омекнато
100 гр. шеќер
1 кафена лажичка ванила
2 јајца
100 гр. џем од малини
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 180º C.

Измешајте ги мелените ОРЕО бисквити со путерот; смесата префрлете ја во четвртаст калап со дијаметар од 23 см и притиснете. Стопете го чоколадото како што е наведено на пакувањето.

Матете ги со миксер крем сирењето, шеќерот и ванилата во голем сад додека не се измешаат добро. Додајте го стопеното чоколадо и добро измешајте. Додавајте ги јајцата едно по едно мешајќи со мала брзина додека не се соединат. Истурете ја смесата врз кората.

Печете 25 до 28 минути или додека средината речиси не се стврдне. Оставете да се излади 5 минути, а потоа премачкајте со растопен џем. Стопете го преостанатото чоколадо и напрскајте го врз чизкејкот. Оставете целосно да се излади. Чувајте во фрижидер 4 часа. Послужете ги ладни.

15 мин. / вкупно 40 мин.

СОСТОЈКИ
3 белки од јајце
150 гр. шеќер
1 кафена лажица прашок за пециво
150 гр. мелени ОРЕО бисквити
200 мл. шлаг
150 гр. сецкани јагоди
150 гр. боровинки
ПОДГОТОВКА

Матете ги белките со електричен миксер на голема брзина додека не станат бели и пенести. Мешајте ги шеќерот со прашокот за пециво и постепено додавајте ги во белките сѐ додека смесата не стане цврста и сјајна. Нежно измешајте во мелени ОРЕО бисквити. Истурете ја смесата во благо подмачкан плиток калап со пречник од 22 цм.

Печете на 180° C 25 до 30 минути или додека не се добие светло кафена боја. Целосно изладете.

Истурете го шлагот врз кората и украсете со бобинки.

Послужете веднаш.

10 мин. / Вкупно 3 часа и 10 минути

СОСТОЈКИ
150 гр. мелени Орео бисквити
950 гр. сладолед од ванила, омекнат
2 шолји свежи малини, гмечени
ПОДГОТОВКА

Обложете квадратна тава од 22 см со алуминиумска фолија, така што фолијата ќе излегува преку рабовите од тавата. Цврсто притиснете ги мелените Орео бисквити на дното од подготвената тава.

На тоа ставете сладолед и нежно премачкувајте го за да се формира рамномерен слој. Распоредете ги малините преку сладоледот и покријте го десертот.

Чувајте го во замрзнувач неколку часа или преку ноќ. Извадете го 15 минути пред служење и оставете го на собна температура за малку да омекне. Исечете на коцки и послужете. Чувајте ги остатоците од десертот во замрзнувач.

30 мин. / вкупно 1 ч.

СОСТОЈКИ
300 гр. мелени Орео бисквити
2 супени лажици путер или маргарин, стопен
4 пак. (од по 250 гр.) крем сирење, омекнато
120 гр. гранулиран шеќер
2 супени лажици брашно
400 гр. чоколадо за готвење, стопено, малку изладено
1 кафена лажичка ванила
4 јајца
1 супена лажица шеќер во прав
1/3 шолја мешани бобинки (боровинки и малини или по избор)
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 160º C.

Измешајте ги мелените Орео бисквити со путерот; смесата префрлете ја во калап со дијаметар од 22 см и притиснете ja. Печете 10 минути. Во меѓувреме, изматете ги следните 3 состојки со миксер додека не се изедначат. Додадете го стопеното чоколадо и ванилата; добро измешајте. Додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте бавно сѐ додека не се соедини смесата.

Истурете ја смесата врз кората.

Печете 55 минути до еден час или додека не видите дека средината веќе не е течна. Поминете со нож околу работ за да ја одделите тортата од обрачот; изладете ја тортата пред да гo отстраните работ на калапот. Се лади во фрижидер 4 часа. Украсете со шеќер во прав и бобинки непосредно пред да ја послужите.

Подготовка 15мин. / Вкупно 2ч. 15мин.

СОСТОЈКИ
4 банани, исечете ги надолжно на половина
150 гр. мелени ОРЕО бисквити
2 супени лажици шарени мрвици
150 гр. кремаст путер од кикирики
ПОДГОТОВКА

Ставете дрвено стапче во исечениот крај од секоја половина на бананата; оставете ги настрана. Измешајте ги мелените ОРЕО бисквити со мрвиците; оставете ги настрана.

Рамномерно намачкајте ги бананите со путер од кикирики. Тркалајте ги во смесата од мелените ОРЕО бисквити и мрвиците додека не се обложат подеднакво. Завиткајте ги поединечно во проѕирна фолија.

Оставете ги 2 часа во замрзнувач или додека не се стврднат. Извадете ги од замрзнувачот 10 минути пред послужување за малку да омекнат.