Услови за користење

Вовед

Целата содржина на оваа веб-локација („Локација“) е во сопственост и под управа на компанијата Mondelēz International, Inc. и Вам Ви е ставена на располагање исклучително за информативни цели. Со пристапување кон Локацијата или со нејзино користење, Вие се согласувате со овие услови. Ако не се согласите со овие услови, не може да ја користите оваа Локација.

Користење на Локацијата

Ако поинаку не е назначено, оваа Локација е за Ваша лична и некомерцијална употреба. Не смеете да менувате, копирате, дистрибуирате, праќате, прикажувате, изведувате, репродуцирате, објавувате, лиценцирате, да создавате изведени дела од Локацијата, да пренесете или да продадете каква било информација, софтвер, производи или услуги што се добиени од Локацијата. Може да прикажувате или електронски да копирате, да преземате или да печатите делови од материјалот што е содржан на Локацијата за свои некомерцијални потреби, под услов да не измените или да не избришете какво било известување за авторско право, трговска марка или други известувања за сопственоста. Секоја друга употреба на материјалите од Локацијата, вклучително, но без ограничување, менување, репродуцирање, дистрибуција, повторно објавување, прикажување или пренесување на содржините од оваа Локација, без претходно писмено одобрение од компанијата Mondelēz International, е забранета.

Каков било материјал што ќе го преземете, вклучително, но без ограничување, софтвер, датотеки, графика, податоци или која било друга содржина, е сопственост на компанијата Mondelēz International или на нејзините даватели на лиценци. Кога ги преземате овие материјали, нив Ви ги обезбедува Mondelēz International под лиценца што може да се отповика. Mondelēz International ги задржува целосната сопственост над софтверот и сите поврзани права на интелектуална сопственост. Не смеете потворно да дистрибуирате или да го продавате материјалот ниту, пак, смеете да спроведувате обратен инженеринг, да го разедините или на друг начин да го претворите во која било друга форма што луѓето може да ја користат.

Материјал што ќе го пратите

Потврдувате дека сте одговорни за секое праќање материјал што ќе го извршите, вклучително и законитост, сигурност, соодветност, оригиналност и авторски права на кој било таков материјал. Не смеете да поставувате на Локацијата, да дистрибуирате или на друг начин да објавувате преку Локацијата, каква било содржина што е погрдна, клеветничка, непристојна, заканувачка, што го загрозува правото на приватност или на публицитет, што е навредлива, назаконита или на друг начин непосакувана или што може да претставува или да поттикне на кривично дело, да ги наруши правата на која било страна или на друг начин да доведе до одговорност или да прекрши кој било закон. Не смеете да поставувате комерцијални содржини на Локацијата.

Освен личните податоци што од Вас може да ги собереме во согласност со нашата Изјава за приватност, сите забелешки, сугестии, идеи, графики или други информации што ѝ ги соопштувате на компанијата Mondelēz International преку оваа Локација ќе станат сопственост на Mondelēz International, дури и во случај на раскинување на овој договор. Компанијата Mondelēz International и лицата што таа ќе ги одреди ќе бидат слободни да копираат, објавуваат, споделуваат, спојуваат или на друг начин да ги користат материјалите што ќе ги пратите за која било и за сите комерцијални и некомерцијални цели, без каква било обврска Вам или на други лица да Ви дадат надоместок за тие материјали.

Одрекување на гаранцијата

Mondelēz International не дава никакви гаранции и тврдења за точноста или за целосноста на содржините на оваа Локација. Оваа Локација и материјалите, информациите, услугите и производите на оваа Локација, вклучително, но без ограничувања и текст, графика и линкови, се дадени „такви какви што се“ и без какви било гаранции, изречни или подразбрани. Mondelēz International во најголема можна мера, а во согласност со важечкото право, ги одрекува сите гаранции, изречни или подразбрани, вклучително, но без ограничување, подразбрани гаранции за пазарна вредност и гаранции за соодветност за определена намена, гаранции за некршење на права, за отсуство на компјутерски вируси и гаранции што произлегуваат од работењето или од користењето. Mondelēz International не тврди и не гарантира дека функционирањето на оваа Локација ќе биде непрекинато или без грешки, дека недостатоците ќе бидат отстранети или дека оваа Локација или серверот што го поддржува функционирањето на Локацијата се без вируси или други штетни компоненти. Mondelēz International не дава никакви гаранции или тврдења во врска со употребата на материјалите на оваа Локација, во смисла на нивната целосност, исправност, точност, соодветност, корисност, навременост, сигурност или друго. Покрај горенаведеното, Вие (а не Mondelēz International) преземате севкупен трошок за сите потребни сервисирања, поправања или корекции.

Во некои држави законот не дозволува одрекување на гаранцијата, така што горенаведеното одрекување на гаранција можеби не се однесува на Вас.

Ограничување на одговорноста

Компанијата Mondelēz International во ниеден случај нема да биде одговорна за какви било непосредни, посредни, посебни, казниви, споредни, примерни или последични штети или какви било други штети, дури иако компанијата Mondelēz International претходно била предупредена за можноста за настанување на такви штети, било со дејствување во рамките на договорот, со немарност или според која било друга теорија, што произлегуваат или се во врска со користењето, неможноста за користење или ефектот на информациите, услугите, производите и материјалите што се достапни на оваа Локација. Овие ограничувања ќе се применат без оглед на кое било неисполнување на суштинската цел на кој било лек со ограничено дејство. Поради тоа што некои јурисдикции не дозволуваат ограничување во врска со тоа колку време трае подразбраната гаранција или изземање или ограничување од одговорност за последична или случајна штета, горенаведените ограничувања можеби не се однесуваат на Вас.

Обесштетување

Се согласувате да ги обесштетите, браните и да ги заштитите компанијата Mondelēz International, нејзините службеници, директори, вработени, агенти, даватели на лиценца и испорачувачи од и против сите загуби, издатоци, штети и трошоци, вклучително и оправдани адвокатски хонорари и судски трошоци, кои ќе произлезат од која било повреда на овие одредби и услови или која било активност во врска со Вашиот интернет-налог (вклучително, но без ограничување, намерно или непрописно однесување) од Вас или од кое било друго лице што пристапило до Локацијата користејќи го Вашиот интернет-налог.

Хартии од вредност на компанијата Mondelēz International

Ние не обезбедуваме инвестициски совети преку оваа Локација, а материјалот на Локацијата не треба да се смета за понуда за продажба или барање понуда за купување на кои било хартии од вредност на компанијата Mondelēz International. Ако одлучите да користите кој било материјал што е расположлив на Локацијата при процена дали да купите или да продадете хартии од вредност на компанијата Mondelēz International, Ве молиме да бидете свесни дека материјалот на Локацијата ги отсликува само претходните деловни резултати и историски информации, како и дека таквите деловни резултати и информации задолжително не претставуваат и индикација за идните деловни резултати.

Врски до други локации

Оваа Локација може да овозможи пристап до други интернет веб-локации. Mondelēz International не ги контролира тие локации, а вие им пристапувате исклучително на сопствен ризик. Mondelēz International, исто така, не поддржува или не одобрува какви било производи или информации што се нудат на локациите што ќе ги посетите преку оваа Локација. Проверете ја адресата URL (Uniform Resource Locator; униформен локатор на ресурси) што е наведена во Вашиот интернет-пребарувач за да утврдите дали сѐ уште се наоѓате на оваа Локација на компанијата Mondelēz International или сте преминале на друга веб-локација.

Предупредување во врска со изјавите за иднината

Оваа Локација содржи „изјави за иднината“ што се дефинирани во американскиот Закон за реформа во областа на парници во врска со хартии од вредност од 1995 година. Во моментот на составување овие изјави биле засновани врз тогашните очекувања на идни настани. Ако кои било од тие претпоставки што служеле како основа се покажат или се покажале као погрешни или непознати или ако ризиците или неизвесностите се остварат или се оствариле, вистинските резултати може материјално да се разликуваат или веќе се разликуваат од она што претставувало очекувања и проекции од компанијата Mondelēz International во тие изјави.

Надлежност

Mondelēz International ја контролира оваа Локација и управува со неа од седиштето на компанијата во Дирфилд (Deerfield), Илиноис, во Соединетите Американски Држави. Ние на ниеден начин не гарантираме или не подразбираме дека материјалите на Локацијата се соодветни за употреба надвор од Соединетите Американски Држави. Ако ја користите Локацијата од локација надвор од Соединетите Американски Држави, Вие исклучително сте одговорни за почитување на сите важечки локални закони. Не смеете да користите или да извезувате материјали од Локацијата прекршувајќи ги американските закони и прописи за извоз. Какво било барање за обесштетување во врска со веб-локацијата или со Вашето користење на веб-локацијата ќе се води според интерното материјално право на сојузната држава Илиноис, без оглед на неговите одредби за судир на закони, а Вие ја прифаќате надлежноста на американските државни или на сојузните судови што се наоѓаат во Округот Кук, (Cook County), за која било правна постапка што непосредно или посредно произлегла од или во врска со оваа Локација.

Измена на веб-локацијата и на овие услови

Обезбедувајќи го материјалот на оваа Локација, Mondelēz International не ветува дека тој материјал ќе Ви остане на располагање. Компанијата Mondelēz International е овластена да ја укине целата Локација или дел од оваа Локација во кое било време, без известување. Исто така, Mondelēz International го задржува правото на измени на условите, одредбите и известувањата за оваа Локација, во кое бил време, со ажурирање на ова известување, а Вашето користење на Локацијата по такви евентуални промени ќе се смета за Ваша согласност со таквите изменети услови. Вие се согласувате редовно да ги прегледувате овие услови за да проверите дали има промени. Одредени одредби од овие услови може да бидат заменети со изречно означени правни известувања или услови што се наоѓаат на определени страници на оваа Локација.

Раскинување на договорот

Овој договор е во сила додека не биде раскинат на иницијатива на која било страна. Вие може да го раскинете овој договор во кое било време, со уништување на сите материјали што се добиени од оваа Локација, заедно со целата поврзана документација и со сите копии и инсталации. Mondelēz International може да го раскине овој договор во кое било време и без известување ако според сопствена процена смета дека сте прекршиле каква било одредба или услов од овој договор. По раскинувањето, мора да ги уништите сите материјали.

Разно

Ако која било одредба од овој договор е незаконска, неважечка или не може да се спроведе, преостанатите одредби од договорот ќе останат во сила. Ова е целосна спогодба меѓу Вас и компанијата Mondelēz International во врска со сите сегменти на Вашата употреба на оваа Локација.

© 2018 Mondelēz International, Inc. Сите права се задржани.