Идеален Oreo чиЗкејк

Време за подготовка 30 мин./6 ч. и 10 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
2 шолји мелени Oreo бисквити
6 лажици стопен путер или маргарин
395 g карамел
1/2 шолја млеко
1 шолја сецкани ореви
3 x 225 g смекнато крем сирење
3/4 шолја шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
3 јајца
50-60 g црна чоколада за готвење
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 170 °C.
Измешајте ги мелените Oreo бисквити и путерот и натапкајте ја смесата во калап со пречник од 23 cm.
Во микробранова рерна загрејте карамел и млеко на висока температура околу 3 минути или додека карамелот не се стопи целосно, со повремено мешање. Кога смесата ќе се стопи, ставете ги оревите. Половина од смесата сипете ја врз направениот калап од мелени Oreo бисквити и ставете во фрижидер 10 минути да се зацврсти. Остатокот од смесата од карамел и ореви ставете ја во фрижидер за подоцна.
Со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила до целосно соединување. Постепено додавајте ги јајцата, 1 по 1, мешајќи полека на најслабата брзина. Готовиот крем сипете го врз направениот калап со карамела.
Печете 65-70 минути во загреана рерна или додека не видите дека чизкејкот се стегнал. Со нож поминете кај рабовите за да го одвоите од калапот. Оставете целосно да се излади пред да го извадите калапот. Чувајте го во фрижидер 4 ч.
Во микробранова рерна загрејте го остатокот од карамелата со ореви околу 60 секунди. Промешајте, а потоа прелијте врз готовиот чизкејк.
Чоколадото стопете го според упатството на пакувањето, а потоа нанесете врз чизкејкот.
Послужете веднаш или по дополнително ладење.
Уживајте во Oreo задоволствата!