Празнични ОRЕО топчиња

Време за подготовка: 35 минути / Вкупно време за изработка: 1 ч. и 45 минути. 40 бомбици

СОСТОЈКИ
250 g крем сирење, меко
300 g мелени ОREO бисквити
150 g бела чоколада, стопена
150 g чоколада за готвење, стопена
Декоративни украси (шеќер во боја, шарени трошки во различна форма и мали божиќни декорации)
ПОДГОТОВКА

Мешајте ги крем сирењето и кршените ОREO бисквити додека не се соедини смесата, а потоа направете 40 топчиња со дијаметар од 2,5 cm. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Оставете ги во ладилник 10 минути.
Потопете 20 топчиња, по неколку одеднаш, во стопената чоколада за готвење, вртејќи ги, за подеднакво да се потопи секое топче во чоколадата. Вратете ги на хартијата за печење. Веднаш украсете со декоративните украси по желба за топчињата да изгледаат на смешните божиќни џемпери.
Повторете го истото со останатите топчиња, користејќи ја стопената бела чоколада и преостанатите декорации.
Оставете ги топчињата во ладилник најмалку 1 час или додека не се стегнат.
УЖИВАЈТЕ ВО OREO ЗАДОВОЛСТВАТА!