OREO zalogajčići sa puterom od kikirikija

OREO залчиња со путер од кикирики

15 мин. подготовка / 1 ч. и 50 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
1 тегла кремаст путер од кикирики (450 g)
300 gr шеќер во прав
150 gr кршени Oreo бисквити
200 gr чоколада за готвење
ПОДГОТОВКА

Во чинија со средна големина помешајте путер од кикирики и шеќер во прав и со миксер мешајте додека во целост не се соединат. Додадете кршени Oreo бисквити.

Од добиената смеса правете топчиња и редете ги во еден слој на плех обложен со хартија за печење. Оставете ги во ладилник 1 час. Во меѓувреме стопете чоколада според упатството на пакувањето.

Натопете половина од секое топче во чоколада, лесно исцедете го вишокот чоколада и вратете ги во плехот. Оставете ги во фрижидер минимум 30 мин. или додека чоколадата не се стегне. Чувајте ги во фрижидер и служете ги ладни.

Уживајте во Oreo слатките!