ОРЕО ТОРТА ПРЕЛИЕНА
СО ЧОКОЛАДО

30 мин. / Вкупно 1ч. 20мин.

СОСТОЈКИ
1 пак. смеса за чоколадна торта (или готови кори за торта)
120 гр. чоколадо за готвење
50 гр. стопен путер
230 гр. крем сирење, омекната
100 гр. шеќер
400 мл. шлаг
150 гр. кршени ОРЕО бисквити
ПОДГОТОВКА

Подгответе го тестото за торта и печете во две калапи со дијаметар од 22 см според упатството на пакетот. Оставете ги корите да се изладат во калапите 10 минути, а потоа внимателно извадете ги и поставете ги на решетка; нежно извадете го капапот. Целосно изладете ги корите.

Ставете ги чоколадото и путерот во среден сад кој е погоден за микробранова печка и загрејте ги на највисока температура околу 45 секунди до 1 минута или додека путерот не се стопи. Мешајте додека чоколадото не се стопи целосно. Оставете 5 минути да се излади. Во меѓувреме, изматете ги со миксер крем сирењето и шеќерот во голем сад додека не се соединат. Нежно измешајте ги во подготвениот шлаг и кршените ОРЕО бисквити.

Ставете 1 кора од тортата на чинијата, намачкајте со смесата од крем сирењето. Покријте ја со другата кора од тортата.

Намачкајте го горниот дел со чоколадна глазура; оставете 10 минути да отстои или додека не се стврдне. Чувајте во фрижидер.