Oreo тарт со банана

Време за подготовка 30 мин./4 ч. и 30 мин вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
1-3/4 шолји мелени Oreo бисквити
1/4 шолја стопен путер или маргарин
1 1/2 шолја млеко
1 1/2 шолја павлака за готвење
2 жолчки
1/2 шолја шеќер
1/3 шолја густин
1 лажичка екстракт од ванила
30 g путер, исечен на мали коцки
3 зрели банани
1 шолја изматен шлаг
 Неколку скршени Oreo бисквити за декорација
ПОДГОТОВКА

Измешајте ги мелените Oreo бисквити и путерот и смесата натапкајте ја во калап со пречник од 23 cm.
Измешајте ги млекото, павлаката за готвење, жолчките, шеќерот и густинот во тенџере со средна големина и матете додека не се соедини и додека густинот не се раствори целосно. Потоа, вклучете ја ринглата на средна температура. Смесата во тенџерето треба да зоврие со повремено мешање. За 15-тина минути, кога смесата ќе биде густа како пудинг, тргнете ја од оган и додајте ги екстрактот од ванила и коцките путер.
Бананите исечкајте ги на кругови и половина од количината наредете врз кората од Oreo бисквити. Покријте ги со половина од кремот кој претходно го подготвивте, а потоа повторете ја постапката со уште еден слој.
Чувајте во фрижидер 4 часа или додека тартот не се зацврсти
Пред сервирање, декорирајте со шлаг и кршени Oreo бисквити.
Уживајте во Oreo задоволствата!