Oreo štanglice bez pečenja

Oreo штангли без печење

15 мин. подготовка / 1 ч. и 15 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
200 gr овесни снегулки
100 gr експандиран ориз
150 gr кршени Oreo бисквити
50 gr кафеав шеќер
60 gr мед
50 gr путер
1/2 лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА

Во чинија со средна големина, измешајте овесни снегулки, експандиран ориз и кршени Oreo бисквити.

Во помала тава, на средно силен оган, загрејте шеќер, путер и мед до вриење, мешајќи повремено. По 2 минути, тргнете од рингла и додадете екстракт од ванила.

На загреаната смеса додадете ги сувите состојки што претходно ги измешавте и соединете добро. Исипете ја смесата во четвртаст плех со ширина 22 cm претходно намачкан со масло или путер.

Изладете во фрижидер минимум еден час, а потоа исечете ги штанглите според посакуваната големина.

Уживајте во Oreo слатките!