OREO puding

OREO пудинг

15 мин. подготовка / 1 ч. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
500 gr стар леб, исечен на коцкички
150 gr кршени Oreo бисквити
2 јајца
400 ml млеко
60 gr шеќер
60 gr стопен путер или маргарин
1 лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 180 °C

Во голема чинија измешајте ги коцкичките леб и кршените Oreо бисквити

Во посебна чинија изматете ги јајцата, млекото, шеќерот, стопениот путер/маргарин и ванилата додека целосно не се соединат. Додавајте ги на оваа мешавина коцкичките леб и кршените Oreo бисквити и мешајте за да се изедначи.

Префрлете сè во претходно намачкан огноотпорен сад. Печете 45 до 50 минути или додека не видите дека пудингот е целосно стегнат. Служете го топол или благо изладен.

Уживајте во Oreo слатките!

Предлог за сервирање: Послужете со топка сладолед