OREO prolećne kocke

OREO пролетни коцки

Вкупно време за изработка: 6 часа, 23 порции

СОСТОЈКИ
150 гр. Oreo кекс во трошки
¼ шолја стопен путер или маргарин
200 гр. крем сирење (на собна температура)
1 шолја (200 мл.) шеќер
1 кафена лажичка ванилин шеќер
1 шолја кисела павлака
4 јајца
1,5 шолја слатка павлака
ПОДГОТОВКА
  1. Загрејте ја рерната на 160 степени.
  2. Измешајте ги Oreo кексот во трошки и растопениот путер/маргарин и втиснете во саканиот калап.
  3. Во голем сад, матете ги крем сирењето, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не се соединат. Додајте кисела павлака и повторно добро изматете. На крајот, додавајте ги јајцата едно по едно додека не добиете мазна смеса. Истурете преку кората во калап.
  4. Печете 45 минути на 160 степени. Оставете целосно да се излади пред да го отстраните калапот.
  5. Држете во фрижидер 4 часа. Кога колачот добро ќе се излади, извадете го од калапот и украсете го со шлаг и трошки од Oreo кекс.

Уживајте во Oreo десертите!