OREO mumije

OREO мумии

40 мин. подготовка / 2 ч. вкупно време за изработка (48 Oreo мумии)

СОСТОЈКИ
220 gr омекнато крем сирењe
300 gr мелени Oreo бисквити
400 gr бела чоколада, поделена во 2 дела
3 лажици мини бонбони со црна боја, во облик на топчиња
ПОДГОТОВКА

Измешајте крем сирење и мелени Oreо бисквити. Кога масата ќе се соедини, направете 48 топчиња од околу 2,5 cm и наредете ги во еден слој на плех обложен со хартија за печење. Оставете ги во фрижидер 20 минути.

Стопете 350 g бела чоколада според упатството на пакувањето. Секоја топка валкајте ја во стопена чоколада за да биде прекриена од сите страни. Вратете ги во плех обложен со хартија за печење и чувајте ги во фрижидер уште 15-ина минути додека не се стегнат.

За тоа време стопете го остатокот од белата чоколада и додајте ја сета преостаната чоколада што ја користевте за натопување на топките. Целата количина ставете ја во пластична ќесичка која има механизам за затворање. Истиснете го целиот воздух, затворете ја ќесичката и отсечете го врвот во еден од 2-та долни агли. Низ овој отвор истиснете чоколада врз топките во различни правци за да личат на завои на мумија, како на сликата. Веднаш втиснете по 2 бонбони во секоја, кои ќе претставуваат очи.

Оставете ги во фрижидер минимум 1 час или додека не се стегнат. По јадење чувајте ги во фрижидер.

Уживајте во Oreo слатките за Ноќта на вештерките!