ОРЕО МИЛКШЕЈК

10 мин. / 4 порции

СОСТОЈКИ
1 супена лажица чоколаден прелив
2 кафени лажици шарени мрвици
300 мл. млеко
600 мл. сладолед од ванила, омекнат
60 гр. кршени Орео бисквити
ПОДГОТОВКА

Лесно премачкајте ги рабовите на 4 чаши со чоколаден прелив.

Истурете ги мрвиците во плиток сад. Натопете ги рабовите од чашите, една по една, во мрвиците вртејќи ги за рамномерно да го покриете секој раб.

Во блендер матете ги млекото, сладоледот и кршените Орео бисквити додека не се изедначи смесата, а потоа истурете ја во подготвените чаши.

Послужете веднаш.