Oreo banana mafini

Oreo мафини со банана

Време за подготовка: 40 минути, 12 порции

СОСТОЈКИ
1,5 шолја (200 мл.) брашно
2/3 од шолја шеќер
1 кафена лажичка прашок за печиво
150 гр. Oreo кекс во трошки
1 јајце
½ шолја млеко
½ шолја стопен путер
½ кафена лажичка ванилин шеќер
1 шолја пасирани банани (2 зрели банани со средна големина)
ПОДГОТОВКА
  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Измешајте ги брашното, шеќерот и прашокот за печиво.
  3. Измешајте го јајцето со путерот во сад со средна големина, а потоа додајте ги млекото и ванилиниот шеќер. Измешајте ги и бананите. Потоа додајте ги сувите состојки (брашно, шеќер и прашок за печиво) и промешајте. Додајте 130 гр. Oreo трошки и мешајте додека масата не се соедини.
  4. Сипете ја смесата со лажица во кошнички за мафини. Преостанатите 20 гр. од Oreo кексот во трошки сипете ги по тестото во кошничките.
  5. Украсете по желба.

Уживајте во Oreo десертите!