OREO karamel jabuke

OREO карамела од јаболка

30 мин. подготовка/ 1 ч. и 20 мин. вкупно време за изработка (5 порции)

СОСТОЈКИ
5 јаболка, измиени и исушени
400 g карамели
2 лажици вода
150 gr кршени Oreo бисквити
30g стопена бела чоколада
Жолта и црвена боја за колачи
ПОДГОТОВКА

Низ средината на секоја јаболка прободете дрвено стапче.

Во лонец, на средно ниска температура топете ги карамелите и водата, често мешајќи, додека карамелите не се стопат во целост.

Секоја јаболка натопете ја од сите страни во карамела додека не биде целосно обложена. Доколку е потребно, со лажица дополнително прелијте преку јаболката со карамелата за секоја страна да биде целосно прекриена. Долната половина на јаболката натопете ја во кршените Oreо бисквити и благо притискајте за трошките бисквити да се залепат за карамелата. Редете ги на плех обложен со хартија за печење и оставете ги некои 25 минути или додека не се стегне карамелата.

Стопете бела чоколада според упатството на пакувањето. Накапете 4 капки жолта и една капка црвена боја за колачи и оставете 15-ина минути да се оладат. Прошарајте со стопената чоколада по јаболката и оставете 10-ина минути додека не се стегне.

Уживајте во Oreo слатките за Ноќта на вештерките!