OREO "Granola" kolačići bez pečenja

OREO „Гранола“ колачиња без печење

20 мин. подготовка / 2 ч. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
2 чаши овесни снегулки, поделени на два еднакви дела (да се користи чаша од 200 ml)
150 gr кршени Oreo бисквити
120 gr сушена брусница
50 ml стопено кокосово масло
2 лажици мед
1 лажица чиа семе
ПОДГОТОВКА

Во блендер иситнете 1 чаша овесни снегулки додека не добиете брашно. Префрлете во поголем сад погоден за микробранова печка и додадете ги сите останати состојки, вклучувајќи ги и овесните снегулки.

Загрејте во микробранова печка на висока температура 1 до 1-1/2 минута или додека смесата не се загрее. Потоа добро промешајте.

Со лажица вадете колачиња од претходно добиената смеса. Би требало да добиете околу 24 колачиња.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење така што растојанието меѓу секое да биде неколку сантиметри. Со влажни раце благо притиснете ги од сите страни за смесата да се задржи заедно.

Оставете ги во фрижидер минимум 2 часа или додека колачињата не се стегнат.

Уживајте во Oreo слатките!