Шејк со Oreo Crumbs

Време за подготовка 5 мин./5 мин. вкупно време за изработка, 4 порции

СОСТОЈКИ
1 шолја млеко
2 шолји смекнат сладолед од ванила
1 шолја кршени Oreo бисквити, поделена на 2 дела
ПОДГОТОВКА

Во блендер ставете го млекото, сладоледот и ½ шолја кршени Oreo бисквити. Мешајте додека смесата не се соедини.
Распоредете ја количината во 4 чаши.
Во секоја чаша посипете од преостананите кршени Oreo бисквити.
Послужете веднаш.
Уживајте во Oreo задоволствата!