Oрео чоколаден чизкејк

Време за подготовка: 30 минути / Вкупно време за изработка: 5 ч. и 35 минути. 16 порции

СОСТОЈКИ
300 g кршени ОREO бисквити
3 лажици стопен путер
600 g крем сирење, меко
1 шолја шеќер (200 ml)
1 лажица екстракт од ванила
200 g чоколада за готвење, стопена и оладена
3 јајца
200 ml слатка павлака
300 g овошје по избор (сецкани јагоди, киви)
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 170 степени
Измешајте ги кршените ОREO бисквити и стопениот путер во посакуваниот калап, печете 10 минути.
Со миксер матете ги крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила додека не се соедини смесата. Потоа додајте ја чоколадата и добро измиксајте. Постепено додавајте 1 по 1 јајце, полека матејќи на ниска брзина сè додека не се соедини. Готовата смеса прелијте ја преку подлогата.
Печете 45 – 55 минути во загреана рерна, или додека не видите дека се стегнал чизкејкот. Со нож исечете покрај рабовите за да ги одвоите од калапот; оставете целосно да се олади пред да го отстраните калапот. Оставете го во ладилник 4 часа. Украсете со изматена слатка павлака и овошје.
УЖИВАЈТЕ ВО OREO ЗАДОВОЛСТВАТА!