МИЛКШЕЈК ВО СЛОЕВИ
СО МЕЛЕНИ ОРЕО БИСКВИТИ

10 минути / 4 порции

СОСТОЈКИ
4 супени лажици
чоколаден прелив
100 гр. кршени ОРЕО бисквити
1 шолја млеко
2 шолји сладолед од ванила, омекнат
ПОДГОТОВКА

Ставете по 1 супена лажица прелив во секоја од 4-те чаши. Вртете ги чашите за да се прекријат дното и внатрешноста на секоја од нив. Чувајте 50 гр. кршени ОРЕО бисквити за подоцна.

Преостанатиот дел од кршените бисквити ставете ги во блендер. Додајте млеко и сладолед; блендирајте додека не се соединат.

Истурете ја смесата во подготвените чаши; прекријте со кршени ОРЕО бисквити.

Послужете веднаш.

КАКО И ДА ГИ СПОИТЕ ОРЕО КОЛАЧИЊАТА И СЛАДОЛЕДОТ, РЕЗУЛТАТОТ СО СИГУРНОСТ ЌЕ БИДЕ ОДЛИЧЕН