Чоко-бадем Oreo чиЗкејк

Време за подготовка 30 мин./6 ч. и 10 мин. вкупно време за изработка

СОСТОЈКИ
1 1/2 шолја мелени Oreo бисквити
2 лажици стопен путер или маргарин
1/4 шолја ликер од бадем
3 x 225 g смекнато крем сирење
1 шолја шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
3 јајца
230 g стопена црна чоколада за готвење
2/3 шолја свежи малини
2 лажици шеќер во прав
ПОДГОТОВКА

Загрејте ја рерната на 170 °C.
Измешајте мелени Oreo бисквити и путер и натапкајте ја смесата во калап со пречник од 23 cm. Печете во загреана рерна 10 минути.
Со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила до целосно соединување. Постепено додавајте ја стопената чоколада и ликерот од бадем, а потоа и јајцата 1 по 1, мешајќи полека на најслаба брзина. Готовиот крем сипете го врз направениот калап од Oreo бисквити.
Ставете да се пече дополнително уште 55-65 минути во загреана рерна или додека не видите дека чизкејкот се стврднал. Со нож поминете кај рабовите за да го одвоите од калапот. Оставете целосно да се излади пред да го извадите калапот. Чувајте го во фрижидер 4 ч.
Пред да послужите, посипете шеќер во прав и ставете свежи малини.
Уживајте во Oreo задоволствата!